На 21.03.2022 во периодот од 18.00 до 24.00 часот, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп, Полициското одделение Ропотово и Полициската станица Прилеп при СВР Битола во содејство со Шумска полиција Прилеп спровеле акциска контрола.
„Исто така, над с.Гостиражни биле пронајдени околу 8 кубни метри нежигосани дабови дрва и истите ќе бидат предадени на шумска полициска Прилеп. Додека, пак, на подрачјето над Вештачко езеро во Прилеп било затекнато лицето Џ.А. и од него биле одземени запрежна кола натоварена со нежигосани дабови дрва од околу 1,5 кубни метри и една моторна пила. Во тој дел биле пронајдени и бесправно исечени околу 5 кубни метри огревни дрва. Пронајдените дрва биле биле подигнати од Шумска полиција Прилеп, а по целосно документирање на случаите ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“, велат од СВР Битола.