Сообраќајната полиција на територијата на СВР Битола од неодамна започна да користи мобилни камери. Овие камери се обезбедени преку ИЦИТАП програма на Одделот за правда на Владата на Соединетите американски држави наменета за Единиците на сообраќај.
„Секторот за внатрешни работи од неодамна започна со нивно употребување кое за нас како полиција со себе носи голем бенефит што многу значи за нас и за граѓаните као учесници во сообраќајот. Со мобилниот систем за снимање не само што ќе се добие квалитет и документирање на прекршоците туку истовремено се подига и квалитетот на полициското посттапување, неговата професионалност и транспарентност. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, се вели во соопштението на СВР Битола.
115