На 23.03.2022 во 13.55 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на крстосница од ул. „Пере Тошев“ со ул. „Велко Јанкулоски Стариот“ во Прилеп, патничко возило „фиат браво“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од З.А. (65) од Прилеп, удрило во Б.П. (71) од Прилеп.
„Б.П. бил пренесен во Градската болница во Прилеп каде првично му биле констатирани телесни повреди и бил задржан на лекување, а на 28.03.2022 во ОВР Прилеп било пријавено дека пешакот се здобил со тешки телесни повреди. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп“, се вели во соопштението на СВР Битола.
121