Како да постигнеме дигитализација, но без дезинформација. Ова беше една од главните поенти на конференција насловена „Дигитализација“, која во организација на француската амбасада се одржа во Прилеп. Претседателот Пендаровски потенцираше дека денес граѓаните се изложени на голем број лажни вести и дека тоа може да се надмине само со темелен процес на медиумска писменост на граѓаните.
„Само од луѓето и од нивните мотиви зависи дали технологијата ќе се користи за добро или за лошо, за споделување на вистинити и проверени информации, или за лажни вести и дезинформации. Решението лежи во дигитално описменување на луѓето, во создавање на информирани и дигитално одговорни граѓани“, истакна Стево Пендаровски, Претседател на Македонија.
Францускиот амбасадор рече дека во моментов во ЕУ започнуваат големи процеси со кои што се сака да се стави крај на дезинформациите во интернет просторот и граѓаните да се чувствуваат сигурни кога се приклучен на мрежата.
„Како да бидам сигурен дека моите личнии податоци се сигурни, како да ја заштитам мојата приватност, како да се заштитам од говорите на омраза, како да бидам сигурен дека добро се информирам на интернет“, рече Сирил Бомгартнер, амбасадор на Франција во Македонија.
Во поглед на заштитата на личните податоци беше дадена и одредена критика дека на тоа треба да поработат и владините институции при давањето на дигиталните услуги.
„Во смисла на давање на транспарентни информациии и во смисла на планирање на процесот на дигитализаицја, каде што приватноста ќе биде вграден елемент и нема отпосле да размислуваме како да ја заштитиме приватноста“, рече Елена Стојановска, консултант од областа на заштитата и безбедноста на личните податоци.
„Кај нас довербата во иинституциите е многу мала и тоа е една од причините зошто дезинформацииите фаќаат плодна почва ии зошто се соочуваме со вакви трендови каквии што ги имаме. И затоа клучот лежи во институцииите, во добрите, квалитетни и навремени јавни услуги, во респонсиивноста кон граѓаниите и граѓанките“, рече Бојан Кордалов, комуниколог.
На оваа трибина присуствуваа и повеќе студенти и средношколци од повеќе градови од Македонија.