ЕСМ платила над 40 милиони евра за нереализирани проекти – потрошила и над 11 милиони евра за адвокати!

Државната ревизија утврди пропусти во работењето и неправилно трошење на државните пари од страна на АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ).

За девет години државната фирма за производство за струја залудно потрошила над 40 милиони евра за проекти кои не функционираат. Овие проекти се однесуваат на: имплементирање Интегриран компјутерски систем, опрема за подобрување на телекомуникациите и вмрежување, систем за следење на движење на јаглен, изградба на брана и акумулација на ХЕ Бошков Мост, подготовка на предлог-проект за Луково Поле, изградба на деловната заграда на ЕСМ и расходи за консултантски услуги и физибилити студии за проекти што не се реализирани.

Најмногу пари, 21 милион биле потрошени за наводна модернизација на првиот Блок во РЕК Битола. Проектот траел од 2011 до 2020 година, но тој не бил реализиран. За него ЕСМ дала фантастични 11,5 милиони евра само за адвокати кои ја застапувале компанијата пред суд, а ЕСМ ги губела арбитражните постапки.

Ревизорите констатирале дека меѓу 2011 и 2020 година ЕСМ давала пари и за проекти кои не се користат и во опрема која не се употребува. Меѓу нив се проектите за хидроцентралите Бошков Мост и Луково Поле кои со години се запрени.

Ревизијата од страна на Државниот завод за ревизија е извршена согласно нивната годишна програма за работа за 2021 година. Целиот извештај е на следниот линк.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи