Денеска во Струга се одржаа државни првенства во џудо за помлади пионери-ки и сениори-ки. На овие натпреварувања настапија околу 200 натпреварувачи од клубовите од Македонија. Џудо клубот Санкаку – Прилеп зеде учество со вкупно 8 натпреварувачи во машка и женска конкуренција во помлади пионери-ки. Освоени се вкупно 5 медали од кои 2 златни, 2 сребрени и 1 бронзен.
Резултати поединечно:
Помлади пионери:
- Ратко Ацески 1-во место
- Марко Ацески 2 ро место
- Марио Конески 3-то место
Помлади пионерки:
- Софија Ѓорѓиеска 1- во место
- Матеја Николоска 2-ро место
„Добри борби покажаа и Ксенија Илиоска, Петар Велјаноски и Ване Ацески, но не успеаја да освојат место на пиедесталот. ЏК Санкаку Прилеп е задоволен со остварените резултати како еден од најмладите клубови покажа дека своите млади кадри ќе имаат успешни резултати понатаму“, велат од клубот Санкаку.
116