Избрано новото раководство на СДСМ Прилеп


После средбите кои изминатите неколку денови се одржаа со членовите на Општинската организација на СДСМ Прилеп, на денешната изборна Конференција, во присуство на заменик претседателот на СДСМ, Сања Лукаревска и претседателот на СДММ, Марко Михаилоски, избрано е новото локално раководство на партијата.

„Заменик претседателот на СДСМ, Сања Лукаревска истакна дека сме државотворна партија која секогаш стои на страната на граѓаните. Општинската организација на СДСМ Прилеп има капацитет да понуди многу нови, прогресивни проекти за Прилеп и прилепчани, дополни Лукаревска. Новиот претседател на ОО СДСМ Прилеп, Зоран Пачешкоски најави нов концепт и нова динамика на активности за спроведување на политики од интерес на сите граѓани на Прилеп“, велат од СДСМ Прилеп.

За членови на Извршен одбор избрани се:

  1. Мики Крстев, дипломиран правник
  2. Кети Стевананџија, дипломиран одделенски наставник
  3. Стефани Радовановиќ, дипломиран професор по македонски и англиски јазик
  4. Илија Дамески, магистер по заштита на животна средина
  5. Дејан Џокоски, дипломиран земјоделски инженер
  6. Маријана Колеска, дипломиран одделенски наставник
  7. Снежана Глушеска, дипломиран биотехнолог
  8. Марјан Трајкоски, дипломиран земјоделски инженер
  9. Дарко Николоски, дипломиран доктор по стоматологија
  10. Катерина Стојаноска, дипломиран економист
  11. Виктор Талески, дипломиран економист
  12. Ангелчо Патоски, дипломиран менаџер по царина и шпедиција
  13. Дејан Иваноски, ССС електротехничар
  14. Викторија Наумоска, дипломиран правник
  15. Мартина Стојкоска, дипломиран професор по македонски јазик
  16. Игор Кимоски, дипломиран професор по музичка теорија и педагогија
  17. Елена Димоска, дипломиран професор по ликовна уметност
  18. Александра Грижоска, дипломиран економист

За членови на Надзорен одбор избрани се:

  1. Александар Здравески, дипломиран правник
  2. Јован Јованоски, дипломиран правник
  3. Сибел Рифатоска, ССС медицински техничар
  4. Игор Кондоски, магистер по економски науки
  5. Драгица Николоска, магистер по форензички науки

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи