Во текот на вчерашниот ден (04.04.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 200 возачи. Од нив 10 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното.
Притоа, 93 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 107 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
102