ВИДЕО – Се чистеше Општината од „Шарената“ – Стеваноски: Утре пак да има потреба од револуција повторно ќе бидам на чело

Шарената револуција очигледно е дека не ги исполни своите цели. Воопшто или многу малку се казнија тие кои недомаќински работеа, а таа пракса на работа гледаме дека продолжи и после револуцијата. Ова е ставот на еден од предводниците на Шарената револуција, адвокатот Жарко Стеваноски, од Прилеп, кој денеска се одзва на повикот на Општина Прилеп, секој оној кој сака да дојде и да се започне со чистење на фасада на локалната самоуправа, обоена токму за време на Шарената револуција.

„Не апсолутно не ја постигна својата цел револуцијата, тоа се покажа и од претходната локална власт и чисто се сомневам дека и сите наредни власти ќе покажат доблет, да казнуваат кога треба, да санкцинионираат, да се научат на домаќинско работење, така што упатувам апел до граѓаните дека е потребна храброст и за да се извалка и за да се исчисти, така што секогаш ќе има потреба да се подигне некоја револуција како револт кон некои лоши политики, тоа да го направат без двоумење“, вели Жарко Стеваноски, адвокат, учесник во Шарената револуција.

Стеваноски вели дека оваа негова активност воопшто не била премин од една политичка страна кон друга, туку граѓанска должност. Никој освен него што учествуваше во таа револуција денеска не дојде да чисти.

„Кога повторно би имало потреба од револуција јас сепак прв би застанал на чело. Ваквите активности се ценат низ призмата на политиката и политичката припадност, па така и оваа моја активност денеска, дојден тука сам, може да ја протолкува како премин од една во друга политичка структура, но мислам дека ова е чисто една граѓанска иницијатива и како некој кој учествувал во нештото се чувствувам најповикан да одговарам на задачата“, додаде Стеваноски.

Од Општина Прилеп велат дека ќе се обидат целосно да ја исчистат зградата, но дел од бојата поради долгиот временски период тешко дека ќе се отстрани. Велат дека чистењето чинело симболични средства.

„Целта на градоначалникот е да ги одржува и зачува објектите кои се под негова ингеренција, значи валкањето, обезличувањето и уништувањето на не е алатка со која треба да се постигне некоја политичка цел. Сигурно ние немаме направено проценка колку би чинело ова, но се тоа што го правиме со ниту еден потрошен денар се потрудивме да организираме една ваква голема акција се до цел да се покаже дека некои акциии може да се организираат чисто како наша добровлна иницијатива“, кажа Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.

 

„Сметам дека овие средства коии што се потрошени сега за чистење на зградата се симболични затоа што работната сила е бесплатна, доброволна и со граѓанска акција ќе се исчисти. Овие средства кои што гии користиме, ги има во секое домаќинство и ги има набавено службата за хигиена во Општината и сето ова се минимални средства и нема да чинат повеќе од тоа колку што троши едно семејство“, додаде Дејан Продански, претседател на совет на општина Прилеп.

Се планира вакви акции да се организираат неколку викенди по ред за да комплетно се исчисти овој објект.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи