Боречкиот клуб „7 Мај“ од Прилеп имаше одлично претставување на меѓународниот турнири кој се одржа во Качаник, Косово. На турнирот учество зедоа 5 борачки од овој успешен прилепски клуб кои донесоа 5 медали, 3 злата и 2 сребра. Барбара Стојкоска беше прогласена за најдобар странски борач.
Резултати:
- Ангела Трајкоска освои 1 место на категорија до 38 килограми со две победи.
- Марија Велјаноска освои 2 место на категорија до 38 килограми со една победа.
- Елена Дејкоска освои 1 место на категорија до 46 килограми со две победи без да и освојат поен.
- Тамара Цветкоска блесна за кадетки иако е пионерка и има само 13 години се рамни со ривалките кадетки до 57 килограми освои 2 место со добри и значителни 3 победи.
- Барбара Стојкоска освои 1 место со две победи на категорија до 65 килограми за кадетки и е прогласена за најдобар странски борац на турнирот.
Екипата ја предводеа тренерите: Теодор Темелковски и Стојанчо Тушески.