Вечерва шумската полиција од Прилеп одзеде 5 метри просторни нелегално исечени дрва кои биле складирани во дворно место во куќа во селото Десово. Сторителот не е пронајден бидејќи во куќата каде се наоѓале дрвата не живеел никој, сопствениците биле во странство. Одземените дрва се однесени на плацот на „Црн Бор“ во Прилеп.
Инаку после 4 месеци конечно е поправено единственото возило на шумската полиција од Прилеп и е ставено во функција.
164