Достоинствено одбележување на Велигденските празници – хуманитарна акција на ЛАГ Агро Лидер

Во рамките на ангажманот и активностите кои ЛАГ АГРО ЛИДЕР ги презема како граѓанска организација која цели кон поддршка на социјално-економски загрозени лица, во соработка со МЗШВ подрачна единица – Прилеп организираа донаторска акција.

„Цел на оваа иницијатива е во пресрет на Велигденските празници да ја збогататиме празничната велигденска трпеза во домовите на лица од руралните средини кои се во социјален ризик и да придонесеме што повеќе од нив достоинствено да ги дочекаат Велигденските празници.  Одбележувањето на овој најголем Христијански празник треба да биде достоинствено за сите, па така со желба во секој дом да се почувствува празничната убавина, тимот на ЛАГ АГРО ЛИДЕР денес започна со достава на  пакети со храна и облека за семејства кои се наоѓаат во социјален ризик.

Упатуваме голема благодарност до земјоделците и земјоделските аптеки за поддршката како би ја реализирале оваа иницијатива. Се надеваме дека оваа иницијатива ќе биде пример и поттик во иднина секој еден од нас да се вклучи во иницијативи од ваков карактер, за да дадеме можеби мала но за некого значајна поддршка во ова кризно време“, велат од ЛАГ Агро Лидер.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи