ВИДЕО – Јовчески: Во Прилеп царува криминал, насилство и беззаконие, до кога полицијата ќе го дозволува ова


Ова мое обраќање денес е насочено кон МВР а е предизвикано од низата насилни случувања во општина Прилеп. Како избран од граѓаните се чуствувам одговорен и јас да реагирам, затоа што алармот од Советот, со неусвојувањето на последниот извештај од Полициската станица Прилеп очигледно не ви беше доволен, рече на денешната прес конференција градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески.

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

Општина Прилеп мора да биди посигурно и побезбедно место за живеење. Безбедноста на граѓаните и зголемување на довербата кон Полицијата во насока на поголема сигурност во своето место на живеење, е  мој приоритет кон кој како градоначалник на општина Прилеп ќе продолжам да  работам. Сведоци сме во последно време дека градот е претворен во место каде што царува криминал, насилство и беззаконие.

Во изминативе неколку месеци се случија бројни настани во кои  беа нападнати службени лица на кои што за жал му беа нанесени тешки телесни повреди,  на своите работни места и извршувајќи ги своите работни задачи.  Оружје, дрога, запалени возила и насилници го преплавија градот,  а вакво нешто е едноставно недозволиво !

Јавно прашувам,  до кога одговорните службени лица и институции ќе го дозволуваат ова однесување на поединци, кои демонстрираат сила и моќ во градот, а со тоа го загрозуваат слободното и безбедно движење на сите мои сограѓани.

Апелирам до Министерството за внатрешни работи итно и неодложно да ги преземат сите потребни мерки за заштита на граѓаните. Наша основна обврска е да направиме се што е потребно секој жител да се чуствува безбеден и сигурен во сопствениот град. Прилепчани го бараат и го заслужуваат тоа!“, рече Јовчески.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи