ВИДЕО – Судар на два автобуси во населбата Точила во Прилеп


20-тина патници се повредени во судирот помеѓу 2 автобуси кој се случил утринава во 5.45 минути во прилепската населба Точила, веднаш спроти црквата Света Петка. Во судирот нема жртви, ниту патници со поголеми и потешки повреди. Веднаш на местото на несреќата пристигнале два медицински тимови на итната помош од Прилеп кои повредените патници кои се зздобиле со гребнатини, набиеници и помали повреди ги транспортирале до прилепската општа болница.

Според првичните информации до несреќата дошло кога од засега непознати причини дошло до судир помеѓу автобусите со нивните предни странични делови, а од силниот удар еден од автобусите излетал од коловозот и завршил во бандерата на тротоарот веднаш која се наоѓа до самата автобуска постојка.

Едниот од автобусите бил празен, без патници, а додека другиот, кој што се удрил во бандера бил полн и носел текстилни работнички во прва смена во една текстилна фабрика во Прилеп. Сите повредени лица се од тој автобус.

„8 пациенти се на максилофацијална хирургија каде се извршени одредени мали интервенции, неколку пациенти се на ортопедија и на хирушкото одделение, дел од овие пациенти, односно 7 пациенти чекаат се уште резултати од ренген снимките, една пациентка има повреда на череп и е задржана заради опсервација на нејзината состојба. Другите пациенти се пуштени на домашно лекување“, вели Кети Смилеска, директор на општа болница Прилеп.

Освен овие 20-тина патници кои имале видливи помали повреди и кои се траснпортирале до болницата со возиилата на итната помош во текот на денот и други патници кои биле дел од оваа несреќа самоиницијативно доаѓале во болницата да направат одредени прегледи.

Од МВР засега не излегуваат со никакви детали за тоа како се случила несреќата, само велат дека истрагата била во тек и повеќе детали ќе се знаеле во текот на утрешниот ден.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи