Во петок ќе биде отворена Годишната изложба на дела од ДЛУП

На 6 мај 2022, петок во 19.30 ч. во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена Годишната изложба на дела од ДЛУП (Друштво на ликовни уметници на Прилеп).

Ќе бидат изложени дела од 20 – тина  уметници.

„Одржувајќи го континуитетот  на неуморна ликовна креација, членовите ќе го промовираат најновото сопствено творештво. Членовите се претставуваат со творештво во различни техники и материјали преку кои ја прикажуваат својата страст. Културата е нешто што треба да има континуитет  и одржување  за да може да се пренесе на идните генерации. Па затоа преку уметноста се надевам дека ќе оставиме белег кој ќе биде од општествено и културно значење“, вели Методи Исков, претседател на ДЛУП.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи