Одбележување на 7-ми Мај Денот на македонската полиција од страна на СВР Битола


На 20 Април 1993 година со одлука на Владата на Република Македонија 7-ми Мај е прогласен за Ден на македонската полиција. Владата на Република Македонија ја донела оваа одлука тргнуваќи од историските факти, кога за време на одржувањето на Смилевскиот конгрес во с.Смилево од 02-07 Мај 1903 година за прв пат селските стражи се реорганизирале во полициски чети со 24 часовно дежурство за обезбедување на конгресот. Од тогаш па наваму секоја година со највисоко свечености го славиме и одбележуваме овој ден.

„Оваа година одбележувањето на денот на полицијата од страна на Секторот за внатрешни работи Битола е со низа свечености и активности во сит градови на нашиот сектор, а денеска на наше најголемо задоволство најважни гости ни се дечињата од градинките и основните училишта каде првично ги запознавме со опремата, возилата, со полициските службеници, учевме за знаците и правилата во сообраќајот. Утре, 07.05.2022, активностите продолжуваат со положување на цвеќе пред спомениците на бранителите. Благодарност до сите гости и сите оние кои ни упатија честитки по повод нашиот свечен ден. Сакам да упатам честитка до сите мои колеги и колешки, пензионирани  “ДА НИ Е ЧЕСТИТ И ВЕКОВИТ 7-ми МАЈ ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА ПОЛИЦИЈА“ Продолжете така професионално и одговорно да ги извршувате задачите со кои ќе ја гарантираме слободата и безбедноста на граѓаните“, велат од СВР Битола.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи