ВИДЕО – Младите бараат поголемо учество во општествените процеси за да се стопира масовното иселување


Пописот покажа катастрофални резултати кога е во прашање масовното иселување на младите, кое е особено изразено во помалите средини. Но тоа помина без некое поголемо внимание во јавноста, а особено кај властите. Според младите мора итно да се стопираат овие погубни процеси за државата, а главната причина за нив било малото или никакво учество на младите во општествените процеси, вклученоста во носење на одлуки локално ниво, како и пристапот до вработување.

„Младите воопшто не се вклучени во процесот на носење на одлуки, не се воопшто ниту прашани кога се носат локална младинска стратегија, локален буџет за млади. Немаме оформено Локален младински совет кој што треба да носи одлуки и да предложува точки на дневен ред во општината и кој практично треба да ги застапува младите пред општествените чинители, односно пред советниците, градоначалникот и работата на општината“, рече Андреј Стојкоски, Младински сојуз Крушево.

Се мерело учеството на младите на три полиња политичко, економско и социјално.

„Нашата држава и општина, генерално од сите социјални аспекти, немаат посена графа и не водат посебна статистика за младите. Недостаток од зголемени превентивни механизми за намалување на младинската сиромаштија, тоа се пред се во процесите на образование, односно системските пречки кои што младите ги оставаат без образование, понатаму социјалната заштита, здравствена заштита, условите за живот на младите. Недостасуваат центри за ресоцијализација на младите во судир со законот, Центри за рехабилитација на млади корисници на дроги, младински центри каде во континуитет би се одржувале обуки како за важноста од формалното така и за важноста од неформалното образование, недостасува и институционална поддршка особено на локално ниво“, додаде Весна Шапкоски, извршна директорка на СТАНИЦА П.Е.Т.

Секако главната причина за иселувањето е еконосмкиот момент, односно неможноста за вработиување и ниските примања.

Треба да се обезбедат можности за брзо вклучување на младите на пазарот на труд, нивна брза активација, што значи дека не треба да се дозволи тој период на долгорочна невработеност кој што негативно се одразува на човечкиот капитал. На некој начин би се превенирало она што значи потткнување за нивно иселување од државата“, истакна Димитар Николоски, професор на Економски факултет-Прилеп.

 Младите велат дека ако не се подобрат работите својата иднија ја гледаат надвор од Македонија.

„Па во иднина искрено не се гледам во Македонија, немам нешто посебно размислено, но нема да биде тука тоа сигурно“, вели Андријана Кузманоска, ученик во Гимназија „Мирче Ацев“ – Прилеп.

 

„Не се покажува интерес за практичната настава туку повеќе се однесува на теоретскиот дел. Сметам дека имаме голем недостаток и ние самите како работна сила“, рече Валентин Димитриоски, студен на Економски факултет-Прилеп.

За да се подобри ситуацијата потребна била соработка на сите надлежни институции во државава, што засега била далеку од потребното ниво.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи