Исак со свои 2 месеци е најмладиот планинар во Прилеп


Прилепчаните Филип и Михаела Илиоски и двајцата вљубеници во природата, планинарењето и велосипедизмот, оваа нивна пасија и љубов уште од најмали нозе му ја пренесуваат и на нивниот син Исак кој е стар само 2 месеци.

Викендов тие направија мала тура на Селечка планина во должина од околу 9 км. посетувајќи ги планинарски дом Томе Темелкоски и Казанташ.

Илиоски велат дека турата поминала одлично, малку дожд, малку сонце, но без никакви проблеми за малиот Исак кој уживал во чистиот воздух и прекрасната природа на Селечка. Ова е прва ваква прошетка на Исак, но немало да биде и последна. Илиоски сакаат својата љубов кон планината уште од најмала возраст да му ја пренесат на својот син.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи