Мирчески: Дали тутунарите се заложници да се истурка закон со што ќе се легализира неплаќање на даноци и нелегална исплата на субвенции


Почитуван министер Николовски! Ако функционирањето на државата е доведено во прашање и ако тоа зависи од Мицкоски и опозицијата зошто го држите народот во заложништво до 2024 г. Одете на избори веднаш! Ова го вели во своето соопштение координаторот на ново формираните тутунски здруженија Игор Мирчески.

„Каква е смислата уште 2 години народот да ве плаќа и да биде заложник на вашата неспособност? Дека тоа е така го докажува и денешното ваше писмо упатено до лидерот и пратениците на опозицијата кое е само евтин популизам и обид за насочување на гневот на тутунарите и земјоделците кон нив од типот, „Као’ние сакаме ама тие недаваат“.

Неисплатата на субвенциите нема никаква допирна точка со приложените измени и со ништо не ги оспорува исплаќањето на истите. Дали целта е да се истуркаат измени на закон навидум добронамерни и во интерес на земјоделците, зад чии плашт се крие легализирање на тежок криминал со затајување, прикривање и неплаќање на персонален данок и нелегална исплата на субвенции?

Дали се прави обид за исплата на субвенции за тутун на лица кои немаат засадено и предадено тутун и не се во евиденција на УЈП за платен персонален данок, кој данок откупувачите го пресметуваат, задржуваат, евидентираат и уплаќаат на Државата при исплата на секој килограм предаден и откупен тутун. Дали тутунарите се жртва за легализација на криминал кој царува уште со измените на законот за тутун од 2019 година кои под превезот за подобар закон за тутун ја отворија вратата токму за вакви злоупотреби?“, прашува Мирчески.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи