ЦВУ „Визант“ од Прилеп на стрип фестивалот во Сомбор


ЦВУ „Визант“ од Прилеп ќе учествува на 7-миот меѓународен стрип фестивал во Сомбор кој ќе се одржи на 21 мај. На фестивалот  на македонскиот штанд „ВИЗАНТ“ ќе бидат презентирани изданија од деветтата уметност-стрипот креирани и публикувани од Центарот за Визуелни Уметности „Визант“ како дел активностите од 2000-2022, како и уникатни плакати и поштенски стрип картички, постер на Дејан Ненадов како и оригинални стрип табли од македонскиот автор од Златко Крстевски.

Изданието на Визант  „Живот у Боливуду“, кое е на српски јазик,  Балканска пародија на популарниот италијански стрип „Загор“, оваа година се најде  на светската изложбата на фанзини, на најстариот стрип фестивал Ангулем-Франција.

Стрипот е креиран од повеќе имиња на совремиот стрип: Зограф, Восток, Сале Михајловиќ со свои цртежи и македонските Горан Дач и Златко Крстевски. Изданијата на ЦВУ „Визант“,  изминатите години се промовирани на стрип фестивали во Макарска, Белград, Херцег Нови, Лесковац, Шабац ки на други места.

 

 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи