Бензините повторно поскапуваат, дизелот поевтинува


РКЕ ги одреди новите цени на горивата во нашата земја, а според најновата одлука, бензините ќе поскапат, додека цената на дизелот ќе се намали.

Во согласност со својата методологија за утврдување на цените, РКЕ одлучи да ја намали малопродажната цена на Еуродизелот за еден денар, додека цените на бензините Еуросупер БС-98 и Еуросупер БС-95 поскапуваат за половина денар.

Од ноќеска на полноќ цената за литер Еуросупер БС-95 ќе изнесува 95 денари за литар, еден литар Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 97 денари, додека за литар Еуродизел ќе треба да платиме 85 денари.

Цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува, односно ќе се продава за 83,5 денари за литар, додека пак за 0,6 денари се зголемува малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 55 денари.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи