ВИДЕО – Економското училиште со атрактивни смерови кои нудат можност за вработување веднаш по завршувањето


Економското училиште „Кузман Јосифоски –Питу“ – Прилеп денеска ги отвори вратите за да ги запознае идните средношколци со своите смерови кои од година во година станувата се поатрактиивни за младите, затоа што веднаш по самото завршување на училиштето нудат можност за вработување, поради соработката на училиштето за практична работа со голем број наши компании. Смерови во ова училиште се: економски техничар, техничар за е-трговија и дигитален маркетинг, правен техничар, бизнис администратор, економски техничар-дуална (со зголемен број часови практична обука) техничар, продавач. Сите профили се со четиригодишно образование, само профилот продавач е со тригодишно образование.

Преку отворениот ден на училишни компании во СОУ „Кузман Јосифоски – Питу“ Прилеп, полуматурантите ќе имаат можност да се запознаат со програмите, плановите и новите можности кои ги нуди ова училиште. Средношколците од нашето училиште ги презентираат своите способности на традиционалниот саем на училишни компании. Ова е одлична можност за промоција на училиштето и новите профили, после еден период на ковид пандемијата и мерките кои беа воведени. Од годинава се воведуваат нови профили, Е – трговија и дигитален маркетинг и популарниот од минатата година, дуалната паралелка на економски техничар, кажа Цеца Видова Трајческа, в.д. директор на СОУ „Кузман Јосифоски – Питу“ Прилеп.

 

„Покрај редовната настава во нашето училиште се изведува и практична настава во која учениците на практичен начин, како што можете да видите и овде, ги покажуваат своите знаења и вештини. Тие организираат или основаат своја училишна компанија и работат во таа своја замислена училишна виртуелна компанија и ги продлабочуваат знаењата кои ги стекнале од практичната настава. Од оваа година на саемот се преставуваат 6 училишни компании, тоа се 6 класа кои со своите компании се преставуваат на овогодинешниот саем. Практичната настава е одлична можност учениците да го престават своето 4-годишно знаење и учење кое го стекнале во нашето училиште. Во поглед на смеровите кои се учат во нашето училиште, можеме да се пофалиме дека имаме разновидна понуда, ќе почнам со дуалната паралелка економски техничар. Тоа е паралелката каде што учениците добиваат стипендија и имаат поголема практична настава почнувајќи од втора година. Освен дуалната економска паралелка, имаме и обична економска паралелка, значи економски техничар, правен техничар, бизнис администратор и новиот профил е електронска трговија и дигитален маркетинг. За учениците кои имаат послаб успех, тука е профилот продавач. Најатрактивна е новата насока, значи Е-трговија и дигитален маркетинг, но економската и правната се исто така атрактивни“, истакна Илчо Јорданоски, раководител на практична настава.

 

 

 

 

 

 

 

Учениците во дуалните паралелки започнуваат од втора година на практична настава во компаниите. Профилите кои се изучуваат во Економското училиште се доста барани на пазарот на трудот во Прилеп. Училиштето има склучено договор и со странска компанија во насока на новиот профил за е-трговија. Учениците во економското училиште ги објаснуваат предностите поради кои се запишале тука.

Нашето училиште, економското училиште во Прилеп е партнер со Еразмус + програмата, каде одржува голем број на проекти во странство, а исто е и домаќин на доста проекти. Исто така се одвива и пракса во странски земји, како што имаме моментално во Грција, со професори од нашето училиште.

 

Учествуваме на многу натпревари, меѓу кои и натпреварот Массун, на кој секоја година освојуваме по неколку награди, а 9 години со ред ја земаме првата награда за маркетинг план. Има и компании од училиштето со кои учествуваме на разни натпревари, како Џуниор ачивмент,  дел од програмата на Џуниор Ачивмент каде учествуваме со бизнис план“, рече Александра Јосифоска, ученик во СОУ „Кузман Јосифоски – Питу“ – Прилеп.

 

Предностите да се биде дел од ова школо е што има постојано редовна настава, се одвива и пракса во компании каде учениците можат практично да се запознаат со она што го учат како теоретски дел во училиштето“, додаде Јанков.

 

Преку практична настава ние имаме директен контакт со работодавачите, што ни овозможува послесно да се вработиме во иднина. Ни нуди запознавање на разни претпријатија, банки, државни установи, посета на различни комапнии, учење на различни работи кои што ни помагаат во понатамошното образование многу полесно и побрзо да ги научиме и да ги совладаме“, потенциираше Јосифоска.

 

„Гордост е да се биде дел од економското средно училиште во Прилеп. Ја имаме најновата технологија, имаме поддршка од стручните професори во училиштето и сме горди на тоа“, рече Фросина Ристеска, ученик во СОУ „Кузман Јосифоски – Питу“ – Прилеп.

 

Горда сум што учам во ова училиште заради тоа што има високи стандарди и имаме голема поддршка од нашите професори кои се добро обучени и го даваат најдоброто од себе за нас“, кажа Мелани Атанасоска, ученик во СОУ „Кузман Јосифоски – Питу“ – Прилеп.

 

Реално не направив никаква грешка што се запишав тука, што го одбра ова училиште, бидејќи имаме прекрасни услови за учење и имаме пракса што ја реализираме преку летото, зависно од смерот што се учи. Има исто така натпревари од Массун, што е прекрасно искуство за сите ученици, а има и Еразмус проекти, има размена на ученици и е стварно прекрасно доживување и е добар избор за училиште за секој ученик“, вели Тамара Лашкоска, ученик во СОУ „Кузман Јосифоски – Питу“ – Прилеп

 

Нашето училиште организира вонученички активности кои што се организирани од страна на Џуниор ачивмент Македонија. Тоа е организација за претприемништво на млади. Во ученичките компании можат да учествуваат сите ученици каде можат да ја изразат својата креативност и идеја и сето тоа да стане реалност. Во тие ученички компании може да се здобијат со различни награди и признанија, благодарение на тие награди и признанија јас сум ученик на генерацијата. Од 26 до 28 мај ќе се одржи национален натпревар на Џуниор ачивмент Македонија во Струга“, додаде друга ученичка во СОУ „Кузман Јосифоски – Питу“.

Очекувањата се дека оваа година ќе се пополнат сите места во училиштето „Кузман Јосифоски – Питу“.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи