Оpen beauty Hair Fest Prilep 2022 во Прилеп – за прв пат во Македонија фестивал во ваков формат


На 28 мај во Домот на културата во Прилеп ќе се одржи Оpen beauty Hair Fest Prilep 2022. Фестивалот во ваков формат се одржува за прв пат во Македонија, меѓутоа е продолжение на досега направени два фестивали од ваков вид во Прилеп, но сега ребрендиран и подигнат на високо професионално ниво од меѓународен карактер.

Организатор на фестивалот е Здружение за настани, манифестации и едукации ПРОЕВЕНТ – Прилеп во соработка со Секцијата на фризери, бербери и козметичари – Прилеп. Директор на фестивалот е Крешимир Крешо Здравески, кој е воедно и креатор и реализатор како на претходните, така и на овој фестивал.

Open beauty Hair Fest ќе се состои од:

  • Саем со штандови на кој ќе се претстават еминентни светски брендови за производи на нега на коса, опрема и алати, како од земјата така и од Италија, Србија
  • Сценски шоу настапи на еминентни фризерски имиња од Македонија и како специјални гости ни доаѓаат два тима од Србија, европски и светски носители на награди и едукатори во областа на фризерството
  • Забава, на која ќе се дружиме и дополнително ќе ја збогатуваме меѓусебната соработка.

 

 

 

Фестивалот ќе започне од 11ч. со дел посветен на нашите најмили насловен како Фризерско детско шоу и да присуствуваат на настан на кој ќе има многу забава, изненадувања и едукации. Учество ќе земат Денс студио Њу џенерејшен, Детскиот хор Весели ѕвончиња, маскоти, аниматори како и едукативна презентација од стручно лице, претставник на Зегин, кој е воедно и еден од покровителите на фестивалот, кој ќе ги едуцира дечињата преку интересна интеракција и анимација за нега и грижа за детското здравје.

Исто така децата ќе видат нови модни трендови на коса и прекрасни детски фризури, за што ќе има професионален сценски настап со деца модели. Од 13ч. започнува делот со настапи на тимови од: СОУ Ѓ. Петров насока фризери и козметичари, Теса бјути академија, Фарма вита, Кене, Србија гламур тим, Србија барберинг тим, Тим Прилеп и тим Македонија.

Прилеп, уште еднаш докажува дека е град лидер во одржување и унапредување на занаетчиство и воедно пример за идните млади фризери. Дел од сретствата од продажбата на билети, ќе биде наменет за изградба на трибини на теренот со вештачка трева во Прилеп.

Фестивалот го потпомогнаа: Здружението Проевент Прилеп, Општина Прилеп, Зегин, Аптеки Ментафарм, Васидора, Гранд козметик Тетово, Прима козметика, Вичишки комерц, Синалко и многу други. Медиумски покровители се МРТ, Канал 5 телевизија и Радио 5 Чоки.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи