Голема акција против дрвокрадците во Прилеп, приведени 10-тина лица, одземени возила, шпедитери и коњи


Инфо Компас неофицијално од извори во истрагата дознава дека во моментов во тек е голема акција на полицијата против дрвокрадците во месноста Борула кај Дервен.

Според првичните информации со кои располагаме до моментов приведени биле 10-тина дрвокрадци, одземени се голем број возила наменети за транспорт на нелегално сечените дрва, како и шпедитери, коњи и моторни пили. Исто така одземена била и поголема количина на нелегално исечени дрва.

Повеќе информации се очекуваат во текот на утрешниот ден.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи