Денес започнува Krushevo Trail Challenge


Денес започнува „Krushevo Trail Challenge“ кој содржи неколку трки во трчање. Центарот на случувањата се ски терените, а ќе биде опфатена и градската средина.

„На 28-ми мај, сабота, со почеток во 20.15ч. ќе се одржи ноќната Крушево планинска трка, со должина од 8км. Трката има натпреварувачки карактер. Сообраќајот ќе се одвива регуларно, со кратки прекини на премините кај детското одморалиште Шула Мина, Јаноска чешма и преминот со скали под црквата Св. Богородица. Ги замолуваме сите возачи и граѓани за внимание и трпеливост. Исто така, Ве повикуваме да излезете на улиците и да им дадете поддршка на натпреварувачите. 

Натпреварувачите стартуваат од ски терените Станич упатувајќи се кон детското одморалиште Шула Мина. Од тука се спуштаат кон Крушевското езеро, продолжувајќи кон Македониумот, Гумење, Јаноска чешма, од каде што се упатуваат низ уличките на стариот град кон црквата Св. Богородица. Од тука се спуштаат до центарот на градот и продолжуваат кон паркот Питу Гули и  хотел Панорама поминувајќи под подвозникот.  

Од хотел Панорама, се спуштаат до хотел Илинден каде после 20м од главниот пат се упатуваат по земјениот пат низ шумата кон врвот на жичарата.“, велат од организацијата.

 

 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи