ВИДЕО – Николовски: Да се исплатат субвенциите на тутунарите, во спротивно јас ќе ги предводам протестите на земјоделците


Би сакал да апелирам да се исплатат субвенцииите за тутунот, бидејќи тутунарите го заслужуваат тоа. Знаеме што се случуваше со откупот лани кога не беа вреднувани класите онака како што одговара и кога не беше исплаќано онолку колку што е реалната вредност на тутунот, а дополниително и основните цени беа спуштени, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, денеска во Прилеп.

„На тоа уште да не се исплаќаат субвенциите, тогаш тоа е свесно удирање на земјоделците затоа што власта не сака да запре со увозт на тутун и го одби нашиот предлог на закон со кој се бараше да се забрани увоз на тутун во Македонија се додека не се откупи целосното производство на домашниот тутун. Даваја различни образложенија зошто треба да има увоз, а најдобро зошто треба да има увоз гледаат македонските земјоделци. Со тоа што нема редовен откуп и со тоа што не можат пристојно да живеат“, рече Николоски.

Тој додаде дека Македонија беројатно биле единствена држава во светот каде за проблемите на власта виновна била опозицијата. Но тоа било само гола пропаганда во која повеќе граѓаните не верувале.

„Во однос на тутунарите ние сме постојано со нив. Сакам тука да оддадам признание и на пратениците тука од Прилеп кои се во постојана комуникација со тутунарите. Ние предлагавме законски решенија, тоа е што како опозиција може да го направиме. Доколку продолжи овој однос да најавам и на Ковачевски и на Николоски дека јас лично ќе ги предводам протестите со тутунарите заедно со пратениците и градоначалникот и со тој цел народ кој сака да дојде да ни се приклучи затоа што ова е убивање на цел еден регион“, рече Николоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи