ВИДЕО – Николоски: Потребна е промена на членот 102 за медиумите


Прво самото воведувањето на членот 102 беше многу проблематично со кој се спречува централните и локалните медиуми да имаат една нормална соработка и со општините и со Владата. Ние сметаме дека тој член треба да се промени и треба да има транспарентен начин на реализација на кампањи од јавен интерес кои што би ги реализирале општините, секако и министерствата и институциите кои се на централно ниво, рече денеска во Прилеп, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

„Во кои кампањи треба да има јасна контрола и од претставниците на власта и од претставниците на опозијата, точно да се утврдат кои се тие кампањи од јавен интерес, да се следи трошењето и тие средства да не се користат како притисок врз медиумите во однос на нивната уредувачка политика, туку медиумите да го добијат тоа што го заслужуваат, затоа што тоа на крајот на денот се средства на граѓаните кои што е добро да отидат во медиумите, бидејќи медиумите вршат јавно корисна работа, така што овој предлог од нас има апсолутна поддршка така што да видиме што ќе направи Владата“, истакна Николоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи