Јовчески: Од понеделник стартува реконструцијата на плоштадот од споменикот на Пеце Атанасоски до ООУ „Кочо Рацин“


Денеска извршивме увид на плоштадот „Методија Андонов Ченто“ на потегот од споменикот на Пеце Атанасоски до ООУ „Кочо Рацин“ каде во понеделник треба да се започне со реконструкција. Кракот што ќе се реконструира е во должина од 216 метри, има просечна ширина од 13,5 метри или вкупна површина некаде околу 3.000 метри квадратни, истакна градоначалникот на Прилеп Борче Јовчески.

„Исто така градежните активности се во тек на улицата „Киро Пајмакоски“, паралелно се работи и на асфалтирање на улицата „Браќа Ламески“ како и крак на улицата „Јоска Јорданоски“. Вкупната должина на овие улици кои ќе бидат асфалтирани изнесува 400 метри, а нивната површина е околу 2.000 метри квадратни. Исто така деновиве ќе се започни со асфалтирање и во населбата Тризла. Се работи за улицата „Дабнички Завој“ со вкупна должина од 300 метри. За овие градежни активности Општина Прилеп има обезбедено средства во висина од 7.000.000 денари“, вели Јовчески.

Јовчески потенцираше дека локалната самоуправа била веќе во завршна фаза на потпишување на договор за одржување и рехабилитација на улиците, што подразбирал гребење и нанесување нов слој на асфалт, а тој договор опфаќал вкупна површина на улици од околу 12.000 метри квадратни со вредност од 15.000.000 денари.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи