ССМ: Генерален штрајк од 22 јуни ако дотогаш Владата не ги исполни барањата

Доколку до 21 јуни не се исполнат барањата на ССМ, односно линеарно зголемување на платите до 2 806 денари во јавниот сектор, Сојузот најавува генерален штрајк кој ќе започне на 22 јуни. Сите синдикати во јавниот сектор, односно војската, полицијата, образованието, здравството, комуналните претпријатија општините, управата, администрацијата ќе стапат во генерален штрајк со прекин на извршување на работата на работните места.

„Претседателството на Сојузот на синдикати на Македонија донесе одлука за повикување и поведување на генерален штрајк во јавниот сектор доколку не се исполнат барањата за потпишување на општиот колективен договор каде што ќе се утврди линеарно зголемување од 2.806 денари за сите работници во јавниот сектор и враќање на изгубеното право на регрес од 2023 година во износ од 30 до 100 проценти од просечната плата во државата. Доколу овие барања не се исполнат до 21 јуни, на 22 јуни ССМ таму каде што е синдикално организиран, ќе ги повика сите членови но и останати незадоволни работници да ги прекинат работните процеси и да изразат големо незадоволство, односно да направиме генерален штрајк“, рече претседателот на ССМ Дарко Димовски.

„Ние сме оптимисти и очекуваме нашиот социјален партнер, Владата, сериозно да ја сфати работата бидејќи ССМ ова го бараше уште од први мај на што беше реагирано дека исполнување на барањето може да се случи само со ребаланс на Буџетот и со утврдување на паричните средства во законот за извршување на Буџет. Износот кој го бараме не е голем туку солидарен за да се издржат ценовните шокови настанати поради инфлацијата, додаде Димовски.

Ваквата одлука за генерален штрајк доаѓа откако вчера претставниците на ССМ имаа средба со владините преставници, но не постигнаа договор во врска со нивните барања.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи