ВИДЕО – Прилеп избран за најзелена општина во Македонија од страна на ЕУ за селекцијата на отпадот

Play Video

Општина Прилеп е избрана за најзелена општина во Македонија за 2021 година од страна на ЕУ, поради доброто управување со отпадот, односно одлично спроведената примарна селекција на отпад, со која се опфатени 75% од домаќинствата во Прилеп. За тоа дека Прилеп е лидер во селeкцијата на отпадот зборува и самиот факт што 40% од вкупниот селектиран отпад во Македонија, вклучувајќи го тука и Скопје, се селектира во Прилеп. Овој проект е воспоставен во 2012 година и на секое семејство му е поделена по една зелена канта за органскиот отпад и жолта корпа за селекција на хартијата и пластиката.

„Се работи на тоа градот да биде покриен до 100% до примарна селекција на отпад. Во иднина со дополнителни средства ќе се оди на проширување на примарната селекција и со стакло и метал. Што значи дека кај домаќинствата треба да се стават дополнителни корпи за селекција на отпадот“, вели Рубин Абрашоски, директор на ЈКП „Комуналец“ – Прилеп.

Со примарна селекција се покриени и 17 села, освен мариовскиот крај.

„Ова е пример кој што Општина Прилеп долгорочно го демонстрираше што се однесува на третирањето на тврдиот отпад на ниво на самата општина. Се разбира дека целиот овој проект се реализира во партнертство помеѓу граѓаните и општината и ова е благодарност до самите граѓани“, истакна ЕУ амбасадорот Дејвид Гир.

Во иднина ќе се правеле напори да се изгради и линијата за секундарна селекција отпадот што се наоѓа до депионијата Алинци, со која би се преработувал и селектирал буквално целиот отпад во Прилеп.

„Каде што ќе имаме изградена фабрика за секундарна селекција на отпадот, кој што уште повеќе ќе одекне како позитивен чекор и до другите соседни општини и ќе бидеме пример за тоа како се заложуваме за зачувување на екологијата во нашата држава“, кажа Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.

Годишно во Прилеп се селектираат по околу 900 тони на хартија и 100 тони пластика, како и други видови на отпад.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи