Угостителските услуги во мај поскапеле за 9,7 отсто на годишно ниво

Facebook
Twitter
Email
Print

Цените на угостителските услуги во мај во споредба со април годинава се зголемени за 0,2 отсто, а споредено со мај лани за 9,7 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика.

Споредено по групи на услуги, зголемување во  мај во однос на април годинава е забележано во групите Храна за 0,3 проценти и Алкохолни пијалаци за 0,1  процент.

Цените на угостителските услуги за периодот јануари – мај 2022 година, во однос на истиот период од минатата година, се зголемени за 7 проценти, a во однос на декември лани зголемувањето е за 5,3 проценти.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи