Пејачот Ламбе Алабаковски уапсен за палењето на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“

Play Video

Триесет и четири годишниот Л.А. од Битола е лицето кое го запали бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола, објави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на својот ФБ профил. Според првичните информации кои ги објавија повеќето од медиумите се работи за пејачот Ламбе Алабаковски кој го признал извршувањето на кривичното дело.

„Со задоволство можам да обзнанам брза и ефективна разрешница на случајот од пред три дена (04.06.2022) со кривично-правниот настан – пожар во центарот „Иван Михајлов” во Битола, кој е веќе расчистен и имаме приведено лице кое го призна делото. Се работеше деноноќно да се изнајде сторителот, се земаа предвид сите докази, а по извршените службени разговори во изминатите денови, вчеравечер, со судска наредба, беше извршен претрес на две локации кои ги користи Л.А.(34) од Битола, при што се пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичното дело, по што лицето е лишено од слобода. Уште еднаш покажавме дека единствената моќ што ја има секоја правна држава е моќта да го сузбие криминалот. И во овој сегмент нема „пардон”, нема заштитени лица – сите се еднакви пред лицето на законот, а секој којшто се огрешил – мора да одговара“, напиша на Фејсбук министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи