ВИДЕО – Прилепскиот архив ја преставуваше Македонија на Светскиот ден на архивите


Поради големиот број активности кои прилепскиот архив ги имаше во последните неколку години, откривањето на досега голем број непознати факти за нашата историја, уникатни документи за Илиндескиот период, како и собирање на голем број архивски материјали од приватни лица, оваа година е избран да ја претставува Македонија на Светскиот ден на архивите. Овој настан се одбележа со изложба на светски познатиот прилепски уметник Слободан Михајлоски Данче, чии дела неговото семејство ги подари комплетно на архивот.

„Ние во последните 2 години успеваме да собере доста архивски материјал од приватни иматели. Работиме транспарентно на терен и благодарност кон семејствата кои подаруваат материјал. Ние го средуваме тој материјал, обработуваме, го дигитализираме и во дигитална форма им го предаваме материјалот кој што го дарувале“; вели Елена Чагороска, раководител на прилепскиот архив.

Од архивот на Македонија велат дека во моментов се преговарало со семејствата  на Горан Стефановски, Страхил Гигов и поетот Анте Попоски, дел од нивната документација да се донира во архивот.

„Тоа не се само документи кои се битни за општетствена комуникација, туку тука има и некои приватни преписки со значајни личности кои можат да дадат придонес во анализата на одреден историски период од страна на студенти, експерти и историчари кои се разбира се значајни за нас“, рече Емил Крстески, директор на државниот архив на Македонија.

Освен што донираат материјали, граѓаните исто така имаат голема потреба и решаваат бројни проблеми токму со сите овие документи кои се наоѓаат во архивските депоа.

 „Најчестите барања доаѓаат околу решавање на пензиско инвалидскиот стаж. Најголем број барања се околу тоа. Инаку барателите се делат по 4 групи. Решаваат проблеми од урбанизам, имотно-прави односи, неодредени барања и барања за стручна подготовка, односно изгубени свидетелства и дипломи. Односно книгите се заштиитении во нашата институција и по тој основ ние можеме да им помогнема на граѓаните, но како што кажав и на почетокот најголем дел од барањат доѓаат за решавање на пензиско инвалидскиот стаж“, додаде Дејан Проданоски, советник архивист.

Од архивиот во Прилеп упатуваат апел до сите граѓани кои имаат дома приватни архиви да ги дониираат во архиот, документи кои ќе помогнат во понатамошното зачувување на нашата културура, историја и традиција. Истите ќе им бидат вратени во дигитална форма.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи