Советот усвои одлука за субвенционирање на дел од трошоците за купување на велосипеди


Вчера се одржа 12-та седница на Советот на Општина Прилеп, на која советниците донесоа повеќе одлуки значајни за функционирањето на општината и за потребите на граѓаните.

Советниците на почетокот на седницата расправаа за безбедносната состојба во Општина Прилеп по што беше донесен заклучок во кој се бара итно и неодложно разрешување на командирот на ПС од Општа надлежност – Прилеп, поради неусвојување на Извештајот – Информацијата за безбедносната состојба на подрачјето на ПС од Општа надлежност – Прилеп, во текот на второто полугодие од 2021 година како и крајно алармантната безбедносна состојба на општинско ниво.

На седницата со мнозинство гласови беа прифатени одлуката за проширување на средствата на буџетот на ЕЛС Општина Прилеп за 2022 година како одлука за определување на локалитет за организирање на “Фестивал на пивото – 2022 кој ќе се одржи од 14 до 17 јули.

Советниците дадоа виза на одлуката за определување на максимален износ за доделување на поединечна субвенција/надомест на дел од трошоци на граѓани на подрачјето на Општина Прилеп за купување на велосипеди за 2022 година.

Дадена е согласност за тримесечниот извештај за финансиското работење на ЈОУ Дом за стари лица ,,Киро Крстески Платник“ за период од 01.01.2022 година до 31.03.2022 година, како и за одлуката за определување на цените на услугите на корисниците во ЈОУ Дом за стари лица ,, Киро Крстески Платник“-Прилеп, како и одлуките за тримесечниот извештај за финансиското работење на ЈП за ПУП Прилеп за период од 01.01.2022 година до 31.03.2022 година и за одлуката за давање согласност на Ценовникот за измени и дополнување на Ценовник за утврдување на цените на услугите за паркирање на патнички моторни возила на Јавните паркиралишта на територијата на Прилеп.

Советниците дадоа виза за годишни планови за вработување за 2023 година за училиштата „Кочо Рацин” – Прилеп, „Круме Волнароски”с. Тополчани, „Климент Охридски”, „Кире Гаврилоски-Јане”, за музичкото училиште „Ордан Михајлоски-Оцка”, „Рампо Левката“, Гимназијата „Мирче Ацев”.

На седницата дадена е согласност за измена на Статутот на ЈКП ,,Комуналец’’, како и за утврдување на максималниот износ на вредноста на бодот за пресметување на платите на давателите на јавните услуги, на администрацијата, помошно техничкиот персонал и на директорот за 2022 година во ЈОУДГ ,,Наша иднина’’.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи