ВИДЕО – Поради огромен одрон и поплава блокиран патот Прилеп-Градско


Поради огромен одрон на карпи како и поплава од утрово е блокиран патот Прилеп-Градско, во близина на клисурите каде што се гради тунелот за новиот експресниот пат. Сцените се апокалиптични. Како дошло до оваа ситуација засега нема иинформации.

Инфо Компас контактираше со возачи кои велат дека се заглавени на ова место од 3 часот утринава и дека огромните количини на вода го уништиле патот и дека сега практично и не постои пат.

Од Јавното претпријатие за државни патишта изјавија дека нивни екипи и екипи на „Македонија пат“ се тргнати кон местото. Инаку проблемот настанал во делот каде кинеската компанија „Синохидро“ го гради експресниот пат.  Екипи на „Синохидро“ веќе работеле на терен и се обидувале да го расчистат патот. Повеќе информации за тоа што се случува се очекуваат во текот на денот.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи