Нови поскапувања на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која од полноќ повторно поскапуваат малопродажните цени на горивата. Односно, цените на бензините се зголемуваат за 1.5 денари по литар, додека цената на дизелот поскапува за 3 денари.

Според оваа одлука, малопродажните цени на горивата од полноќ ќе изнесуваат:

  • ЕУРОСУПЕР БС – 95  – 111,5 денари
  • ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 113,5 денари
  • ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 107,5 денари

За 2,50 денари поскапува и екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и литар ќе чини 105 денари, а се зголемува цената и на мазутот М-1 НС за 0,809 денари по што еден килограм ќе се продава за 56,317 денари.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи