336 санкции за брзо возење низ Македонија

Facebook
Twitter
Email
Print

Во текот на вчерашниот ден (12.06.2022), Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 336 возачи.

Од нив 21 возилo се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 4 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 202 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 134 надвор од населено место. За време на акциската контрола констатирани и законски санкционирани биле и 117 други видови прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи