Промоција на книгата „Денови со полна месечина“ од Витомирка Требовац во сабота во Чоше кафе


Во сабота на 25 јуни, во 19:30 часот, во Чоше кафе ќе се одржи промоција на книгата „Денови со полна месечина“ од Витомирка Требовац, препејувач е Звонко Димоски, а дизајнот е на Ѓорѓи Десподов. Витомирка Требовац родена е 1980 година во Нови Сад и досега ги има објавено збирките поезија:

Plavo u Boji (škart, Beograd, 2012), Sve drveće sva deca i svi bicikli u meni (LOM, Beograd, 2017) и Dani punog meseca (LOM, Beograd,
2020).

„Денови со полна месечина“ е нејзиниот прв објавен препев на македонски јазик, којшто воедно е втората книга од едицијата „Женска Балканска Рурална Поезија“, реализирана во рамките на Проектот РЕАД – Регионална Мрежа за Културна Разновидност“, финансиран од Европската Унија.

Лани беше издадена првата книга од едицијата, односно „Мојата мајка знае што се случува по градовите“ на српската поетеса Радмила Петровиќ.

Регионалниот ЕУ проект Регионална мрежа за културна разновидност – РЕАД има за цел да промовира вештини за читање меѓу рaзличните култури и демократски вредности преку зголемување на интересот за читање, ставајќи на располагање висококвалитетни книжевни дела од регионот. Проектот го спроведува Гете-институт Скопје заедно со партнерските организации: Центар за балканска соработка – Лоја (Северна Македонија), Instituti i Librit dhe i Promocionit (Албанија), Kalem Culture Association (Турција), Association Krokodil Krokodil (Србија) и Qendra Multimedia (Косово). Проектот е финансиран од Европската унија.

Еве една од песните од книгата која што ќе се промовира.

 

Викенд

Дојдов на лежерен викенд

и тогаш кравата падна

легна без посебна причина

два дена ја мислеа

на крајот ја кренаа

требаше пет мажи

да ја помрднат кравата

човече, околу мене

никогаш вака не се трудеа

лежи, тагувај, стани, твоја работа

кравата ме гледаше

со тие големите убави очи

се сетив на Хомер

и кравооката Хера

навистина убави очи

ја милував по главата

ме гледаше сожалувачки

имав чувство

дека сака да ми каже нешто

можеби да ме научи

трпеливост

да се спружам

и да почекам да се соберат околу мене.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи