Нов хит на Суперхикс насловен „Крута“

Суперхикс Банда Инструментале – бенд кој скоро 30 години ја пишува македонската музичка историја, го објави својот нов сингл насловен „Крута“. Синглот е снимен во текот на месец јуни оваа година во студиото ТРА ЛА ЛА на Мите Димовски, а е првиот од неколкуте нови синглови на Суперхикс кои публиката со нетрпение ги чека.

Бендот го најави и новиот студиски албум кој треба да излезе наскоро, а во меѓувреме ги гледаме на концерти ширум Македонија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи