ВИДЕО – Велкоски: Македонија никогаш не добила пристоен предлог од ЕУ, поддршка на преговорите само со зачуван идентитет и јазик


Македонија никогаш не добила пристоен предлог од ЕУ, започнувајќи уште во 92 година со Лисабонската декларација и нашето именување во ФИРОМ, преку 2018 и промената на името, па се до најновиот француски предллог, но за жал Македонија  мора да преговара затоа штом освен Европа ние немаме друга алтернатива. Ова е ставот на Сојузот на борци од Прилеп од каде викаат дека ќе ја поддржат Владата во преговорите, само ако 100% се зачувува нашиот идентитет и јазик.

„Ставот на борците е дека ние ја поддржуваме Владата и Претседателот на Македонија да преговара до степен на возможност, ако се чепне во иидентитетот и јазикот да прекинат преговорите со Бугарија и ЕУ. Бугарите нас на Македонците скоро 150 години ни стојат на патот и во идентитетот и во јазикот и во политиката и во формирањето на држава“, истакна Илија Велкоски, историчар и претседател на Сојуз на борци на Прилеп.

Според борците ние треба да бидеме дел од ЕУ, но историјата ниту некој можел да ја смени, ниту да измисли нова.

„Никој не може да измисли нација, ние постоиме тука 1.500 години како Македонскии Словени кои потоа се трансформирале со Античките Македонци и сме го добиле името Македонци. Вистината никој не може да ја скрие. Се знае дека Бугарија е фашистичка држава. Не може ние споменииците и спомен обележјата да ги исфрлиме и да ги заборавиме. Да го заборавиме Дабниичкото клање, стрелањето н децата во Ваташа, битката на Прилепец, тоа се страшни фашистички удари за Македонија“, кажа Велкоски.

Според Сојузот на борции Бугарија го користи моментот како членка на ЕУ, а Европа пак си ја штитела својата членка. Ставот на борците е дека Европа никогаш и не го сакала Балканот толку многу.

„Па еве видете вие во Стразбур има 15-тина пресуди во корист на Македонциите во Бугарија, ниту еден не е спроведен. Се сеќавате кога се тужевме со Грците неколку пресуди ги имавме, што презеде ЕУ? Ништо! Балканот не го сака ЕУ, не само нас Македонците туку цел Балкан. Балканот бил цело време монета за поткусурување на европските стандардии и идеи, а Македонија монета за поткусурување на Балканските земји“, додаде историчарот Велкоски.

Сепак според борците со мудри одлуки и борба еден ден и Македонија моќе да биде рамноправен член на Европската Унија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи