Во пресрет на „Пиво фест“ средба на угостителите од Прилеп и полицијата


Во рамки на кампањата „Безбедно лето“ на 07.07.2022 во Полициската станица Прилеп полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Битола и раководителите од ОВР Прилеп одржаа средба со сопствениците на угостителски објекти во Прилеп.

„На средбата беше разговарано за јакнењето на комуникацијата и соработката помеѓу полицијата и угостителските објекти и целосно почитување на законските одредби поврзани со забрана за присуство на малолетници после 24 часот и точење на алкохол на овие лица, придржување на пропишаните норми за дозволена гласност и елиминирање на зголемена бучавост и гласна музика, целосно придржување до работното време и до другите одредби од Законот за угостителската дејност како и за престојниот Пиво фест 2022“, велат од СВР Битола.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи