Дали постои корупција при вработување во Прилеп? Пополнете го анонимниот прашалник на „Млади против корупција“

Коалиција на младински организации СЕГА го спроведува проектот „МЛАДИ ПРОТИВ КОРУПЦИЈА“ кој е финансиски поддржан од Австриската агенција за развој преку програмата „Југоисточна Европа – Заедно против корупција“ на Регионалната антикорупциска иницијатива во партнерство со Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал.

Во рамките на овој проект се спроведуваат низа мали истражувања во насока на утврдување на младите за различни теми поврзани со корупција. Групата на млади агентки за борба против корупција од општина Прилеп самостојно подготви онлајн „АНКЕТЕН ПРАШАЛНИК“ во рамки на нивната локална иницијатива за борба против корупција со поддршка од проектот.

Во прилог е линкот до прашалникот: https://forms.gle/4pYZvs8R1mxtdZZB8

Прашалникот е анонимен и е наменет за потребите на проектот.

Однапред Ви благодариме за Вашиот придонес!

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи