Јавен повик за формирање на Иницијативен одбор за формирање на Младински совет


Јавен повик за формирање на Иницијативен одбор за формирање на Младински совет.

  1. Општина Прилеп распишува Јавен повик за формирање Иницијативен одбор, согласно член 17 од Законот за младинско учество и младински политики.
  1. Се повикуваат сите младински организации, организации на млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување, регистрирани на подрачјето на Општина Прилеп да поднесат пријава за формирање на Иницијативниот одбор.
  1. Организациите мора да имаат активности на подрачјето на Општина Прилеп без разлика каде се регистрирани.
  1. Иницијативниот одбор го сочинуваат членови кои мора да бидат жители на Општина Прилеп на возраст од 15 до 29 години. Избраните членови не се ограничени од членување и во Локалното собрание на млади и Локалниот младински совет.
  1. Јавниот повик трае 15 (петнаесет) дена од денот на објавувањето на веб-страницата на Општина Прилеп, односно до 21.07.2022 год.
  1. Иницијативниот одбор е неформална група која има цел да се консултираат младите и да се застапат нивните интереси во формирањето на Локалното собрание на млади. Бројот на членови во Иницијативниот одбор е пет и единствено тие членови имаат за задача да го формираат Локалното собрание на млади.
  1. Времетрањето на Иницијативниот одбор е краткорочно и завршува со свикување на првото Локално собрание на млади. Работата на истото се координира и помага од службеникот за млади во Општина Прилеп.
  1. Улога и задачи на Иницијативниот одбор:
  • Поддршка на Општина Прилеп во креирањето или ревидирањето на актите и одлуките кои го уредуваат формирањето и работата на Локалниот младински совет,
  • Распишување повик за Конститутивното Локално собрание на млади во согласност со Статутот на Општина Прилеп по принципот на јавност и транспарентност,
  • Соработка со Општина Прилеп при организација и одржување на конститутивната седница на Локалното собрание за млади.
  1. Критериумикои треба да ги исполнуваат младите лица кои сакаат да се вклучат во иницијативниот одбор сe:
  • Да бидат жители на Oпштина Прилеп;
  • Да бидат на возраст од 15 – 29 години;
  • Да бидат креативни и способни за индивидуална и тимска работа;
  • Да имаат интерес за унапредување на локални младински политики;
  • Да имаат интерес за развој на младинското здружување на локално ниво;
  1. Задолжителни документи:
  • Портфолио на организацијата/групата/здружението, (освен за политички подмладок)
  • Извештај за работата на здружението за 2021 година или друг документ во кои се наведени реализираните активности со млади, младински политки и иницијативи во општината.
  • Пријава за номинација за член во Иницијативен одбор и контакт-информации (Прилог бр.1)
  • Изјава за согласност за користење на лични податоци од номинираното лице (Прилог бр.2)
  • Изјава за согласност за прифаќање на номинацијата (Прилог бр.3)
  • CV на предложениот кандидат.
  • Кратко мотивационо писмо од страна на предложениот кандидат
  1. Пријавите за членство во Иницијативниот одбор заедно со потребната документација во еден оригинален примерок, потпишана од одговорното лице, се доставуваат на е-маил адресата на службеникот за млади на Општина Прилеп sovetnikmladiprilep@gmail.comи до архивата на Општина Прилеп секој работен ден од 09:00-15:00 часот со назнака:

„До Комисијата за мандатни прашања, избори и именувања на Советот на Општина Прилеп

За Јавниот повик за свикување Иницијативен одбор за конституирање на Локално собрание на млади на Општина Прилеп “

  1. Пријавите доставени по истекот на рокот на Јавниот повик нема да бидат земени предвид.

– Материјалите доставени со пријавите на Јавниот повик не се враќаат.

  1. Комисијата за мандатни прашања, избори и именувања на Советот на Општина Прилеп, по завршувањето на рокот за доставување на кандидатури по Јавниот повик, на седница ја разгледува целосната документација и им ги верификува мандатите на петте кандидати кои ги исполнуваат критериумите во овој Јавен повик.
  2. Резултатите за избрани членови на Иницијативниот одбор ќе бидат објавени на веб страната на Општина Прилеп најдоцна седум дена по потпишувањето на решението од страна на Претседателот на Советот на Општина Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи