EUSE 2022: Услугите за поддржано вработување – клучна алка за инклузивност и целосна вклученост на младите на пазарот на труд

Невработеноста кај младите се уште е загрижувачко прашање во нашата држава, достигнувајќи 35,6% во 2019 година, што е далеку над просекот на ЕУ. Истражувањата покажуваат дека 46% од младите во нашата држава се вработуваат во период од 1-3 години по завршување на образованието што е поразително споредено со просекот не ЕУ кој е 78%. Просечното време на младите на возраст од 15-29 години да се вработат после завршување на образование е 31,2 месеци односно 2,5 години. Овој период на неактивност е особено зголемен кај младите лица со попреченост, младите лица кои се соочуваат со проблем на зависнот, млади лица само со основно образование и други ранливи групи.

Податоците алармираат дека веднаш ни се неопходни програми и мерки за намалување на невработеноста и неактивноста на младите во нашето општество со цел да се справиме со негативните долготрајни последици за младите, но и за општеството како целина.

Во последниве 3 години во нашата држава, под менторствоо на Виена Ворк од Австрија со поддршка на австриското Министерство за социјални работи, здравство, нега и заштита на потрошувачи започнаа да се обезбедуваат услуги за поддржано вработување. Програмата која се развива во 5 граѓански организации во нашата држава – ЛАГ АГРО ЛИДЕР, Инклузива, Институт за развој на заедницата, Избор и Центарот за млади и заедницата е насочена на помагање на млади од различни ранливи категории преку услугите на поддржано вработување да станат активни на пазарот на трудот.

Достигнатите резултати од обезбедувањето на услуги за поддржано вработување во нашата држава, беа препознаени на меѓународно ниво, и ЛАГ АГРО ЛИДЕР имаше чест да ги презентира на 14та конференција на Европската Унија за поддржано вработување (EUSE 2022) која се одржа од 20-22 јуни 2022 во Осло, Норвешка.

На конференцијата учествуваа околу 500 учесници од Европа и пошироко кои имаа можност да ги споделат своите знаења, искуства и достигнувања со цел остварување на соработка и обезбедување на поддршка за пристап до квалитетни услуги за поддржано вработување.

За прв пат во EUSE приказната ја има нашата држава и граѓанските организации што освен со постоечките предизвици во областа на инклузивност, праведност и младинско вработување во нашата држава, соочувајќи се и со предизвиците на пандемијата од КОВИД 19 достигнаа значајни резултати како даватели на услуги за поддржано вработување, покажувајчи дека овие услуги ни се повеќе од потребни во нашата држава.

Вклучените граѓански организации остануваат посветени на разновиднота, инклузивноста правдата и правичноста, охрабрувајќи ги сите свои соработници, јавни институции и партнерски бизниси да се поврзуваат и соработуваат  со цел овозможување рамноправен пристап до пазарот на трудот за младите од ранливи групи.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи