Поевтинуваат горивата од полноќ

Facebook
Twitter
Email
Print

Од ноќеска на полноќ бензините и дизелот ќе поевтинат, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Имено, бензините поевтинуваат за 2 денари, додека дизелот за 2.5 денари по литар.

Од вечер на полноќ бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе чини 96,5 денари/литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 99 денари/литар. ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава по 97,5 деанри/литар.

Се намалува и цената на екстра лесното масло, и ќе изнесува 96 денари, додека пак мазутот се покачува и ќе биде 52,5 денари.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи