Попладнево татко му го запалил возилото на својот син во Прилеп


Денеска (22.07.2022) полициски службеници од СВР Битола-ОВР Прилеп го лишиле од слобода Г.К. (47) од Прилеп.

„Имено, постапувајќи по пријава дадена во 16.47 часот според која на улица „Бистра Планина“ во Прилеп настанал пожар во патничко возило „БМВ“, без регистарски ознаки, сопственост на М.К. (26) од Прилеп, преземени се мерки и активности, пожарот е изгаснат од територијалната противпожарна единица, извршен е увид и е констатирано дека пожарот на возилото го предизвикал приведениот, татко на оштетеното лице, по претходна меѓусебна семејна расправија. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава за „Предизвикување општа опасност“ по чл.288 од Кривичниот законик“, се вели во соопштението од СВР Битола.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи