ВИДЕО – За старите возила нема делови, за новите мајстор кој да ги поправи – потребни се нови возила за ТППЕ Прилеп


Потребна е итна интервенција за набавка на нови возила и опрема за пожарникарите во Прилеп. Од вкупно 8 возила кои се наменети за гаснење на пожар скоро секое од нив има некаков дефект, дали во опремата, дали во моторот. Најстарото возило е од почетокот на 70-тите години на минатиот век. За проблемот доволно говори и фактот што од овие возила многу малку можат да ги искачат планинските премини околу Прилеп, како Плетвар или Слива кон Мариово. Или пак и да успеат да го направат тоа се движат нагоре со минимална брзина. Најголем проблем било нивното одржување. За старите возила нема делови, а за новите, нема мајстор кој да ги поправи. И вака е со години.

Ситуацијата е иста, се трудиме да ги репарираме. Имаме 8 возила, но некои не се 100% исправни“, рече Виктор Стојчески, командир на ТППЕ Прилеп.

Инаку ТППЕ Прилеп располага со 35 редовни пожарникари, а недостасуваат уште 10 до 15 за нормално функцирање. Недостигот засега се покривал со ангажирање на лица со Договор на дело, а за стални вработувања засега нема одлука.

 Сега ангажирани ни се 7 и очекуваме во наредниот месец да имаме ангажирање на уште неколку лица. Минатата година немаше предлог план за ангажирање по конкурс, затоа ни се лицата по договор на дело“, вели Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.

ТППЕ Прилеп денеска доби донација опрема од Дирекцијата за заштита и спасување, а опремата е наменета за спасување на лица погодени од елементарни непогоди.

 Комплетен сет, систем за повлекување, стабилизирање при елементарна непогода, посебно при земјотреси и сообраќајни несреќи. Имаме еден агрегат, пумпи за делот за справување со поплави, црева“, кажа Севгани Ибрахими, раководител на одделението за мобилизациски работи при Дирекцијата за заштита и спасување.

Пожарите за разлика од лани во овој период во прилепско биле помалку за 50%. Од ТППЕ Прилеп се надеваат дека овој тренд ќе продолжи во оваа насока.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи