МВР со апел до граѓаните да се воздржат од пукање со огнено оружје на свадби

По повод кампањата за превенција од пукање на семејни веселби и други прослави СВР Битола  ги информира граѓаните дека се преземаат  интензивни мерки за контрола и превенирање, со цел спречување на пукање од огнено оружје, неовластена употреба на огномети и користење пиротехнички средства на свадби и други веселби.

Исто така упатуваме  апел до граѓаните на подрачјето на СВР Битола да се воздржат од пукање со огнено оружје, како и од неовластено организирање огномети, кои во последно време стануваат зачестени при свадбени и други прослави.

Неовластеното пукање на семејни веселби може да биде санкционирано како прекршок  и да биде кривично дело.

Пукањето е спротивно на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, а паричната глоба за ваков вид прекршок, согласно член 31 се движи од 200 до 500 евра. Покрај тоа, зависно од последиците, пукањето може да претставува и кривично дело „предизвикување општа опасност“, за кое е предвидена и затворска казна од една до пет години (член 288 од Кривичниот законик).

СВР Битола апелира дека свадбените огномети треба задолжително да се пријават во полиција. Истото се однесува и на други свечености кои ќе се организираат по различни поводи.

Упатуваме апел дека присуството на полициските службеници ќе бидат зачестено на терен и ќе вршат контроли на планот на откривање и санкционирање на ваквите нарушувања на јавниот ред и мир.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи