Јовчески: Ги повикувам сите граѓани и општествено одговорни компании да помогнат на семејствата чии домови изгореа во пожар од гром

Рано утрово ги посетив семејствата на опожарените куќи и се сочувствувам со нивната трагедија. После удар на гром за неполн час изгореа 4 семејни куќи, кои што оставија пустош зад нив и сета онаа печалба во животот на луѓето ја снема за 5 минути, истакна градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески при денешата посета на семејните куќи кои изгореа во синоќешниот пожар.

„За среќа пожарот не однесе човечки жртви, причинета е огромна материјална штета, речиси до темел се изгорени четирите семејни куќи. Ги повикувам сите општествено одговорни компании да помогнат секој во доменот на можностите, како и хуманите граѓани на општина Прилеп, но и од цела Македонија, со цел да се обноват овие домови и семејствата да се вратат во нормален живот“, рече Јовчески.

Инаку на семејствата кои повеќе немаат каде да престојуваат им е понудено сместување во Домот за стари лица „Киро Крстески Платник“, како и во студентскиот дом „Орде Чопела“, каде што секојдневно ќе добиваат и топли оброци.

Од Центарот за социјални работи во Прилеп истакнаа дека на секое од семејствата ќе им биде доделена парична помош во висина од 30.000 денари, односно максимумот кој е препишан за помош на семејства погодени од елементарни непогоди. По изгласување на одлука на Советот, Општина Прилеп исто така ќе помогне со парични средства.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи