Уапсени четворица прилепчани кај кои била пронајдена дрога

Уапсени се четврица прилепчани кај кои во различни случаи се пронајдени наркотични средства.

Имено, на 29.07.2022 на кеј „1-ви Мај“ во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп го лишиле од слобода Д.А.(33) од Прилеп затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

На  ул.„Борис Кидрич“ во Прилеп пак, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп ги лишиле од слобода С.А.(32) и Е.Р.(29) од Прилеп затоа што кај нив биле пронајдени и одземени бела грутческа материја и предмет со остатоци од бела грутчеста материја.

На 28.07.2022 на ул.,,11-ти Октомври” во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп го лишиле од слобода К.Ј.(29) од Прилеп затоа што кај него биле пронајдени и одземени две пакувања со бела прашкаста материја.

По целосно документирање на случаите против осомничените ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи